Тргнал по чичко му со нож откако тој му го претепал таткото - семејна драма во Штип
Вчера околу 20 часот на улицата „Вардарска“ во Штип, во дворот од куќата на 42-годишниот Ф.Д. настанала расправија помеѓу него и неговите браќа, 54-годишниот М.Д. и 57-годишниот Р.Д.
Двајцата насилници физички го нападнале својот брат, удирајќи го со клоци и тупаници по целото тело, при што му нанеле телесни повреди.
Во тој момент наишол И.Д. син на Ф.Д. и изреволтиран влегол во куќата, земал нож и се упатил кон М.Д. со цел да го нападне, но бил спречен во намерата од соседите.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
ФОТО: Пулс24
11:42