Двајца Арачиновци си пазареле со фалсификувани пари

 

Две лица од Скопје си заработија кривична пријава за фалсификување пари.

Во првиот случај се работи за 52-годишниот С.А. од селото Арачиново кој во периодот од јануари до априлгодинава во Скопје извршил шест кривични дела „фалсификување пари“ и тоа во Гази баба и по едно во општините Аеродром, Драчево, Петровец и Ѓорче Петров. Тој на Зелен пазар во Драчево, на Сточен пазар во Трубарево, како и во домовите на индивидуални производители, при плаќање на купените стоки им давал фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра. 

Исто така, кривична заработи и 52-годишниот С.Р. од Арачиново, кој во  периодот  од февруари до јуни оваа година, на подрачјата на град Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово, во домовите на индивидуални производители  во повеќето случаи на домашна ракија, потоа на садници  и на семки и сончоглед,  во шест наврати пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра, при плаќање на купените стоки од повеќе лица.

Изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена на двајцата Арачиновци.

ФОТО: Дневник

11:47

најчитано сега