Го плукнале па му се фрлиле со клоци и тупаници - насилници ограбиле велешанец
Вчера во Велес во Градскиот парк на трибините од ракометното игралиште, неколку насилници го нападнале 51-годишниот Ј.К.
Имено, еден од насилниците го исплукал Ј.К., а потоа неколку лица му се нафлиле и почнале да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото. Тие го турнале на земја, па откако продолжиле да го тепаат, му одзеле мобилен телефон и 2.200 денари. Тогаш на помош му пришол неговиот 47-годишен брат А.К. но насилниците и него го нападнале.
Полицијата работи на случајот.
11:59