Неловски на средба со младите во Кисела Вода

 

Владимир Неловски кандидат за  пратеник во првата изборна единица оствари средба со младите во Кисела Вода, каде што на истата станало збор за опциите и програмите кои им ги нудат партиите на младите.

Едната понудена опција е ВМРО-ДПМНЕ која за младите им  нуди многу нови проекти, како што се градењето на новите 140 кошаркарски игралишта, бесплатниот превоз, доплонителните 100 стипендии на најреномираните универзитети во светот за најдобрите студенти, како и градењето на тениското игралиште во кое ќе има и гимнастичка сала, истакна Неловски.

А втората опција е опцијата која ја нуди СДСМ за „живот“ во Македонија и двојазична Кисела Вода и редефинирана Македонија. На средбата со младите во Кисела Вода беа пристуни и Тимчо Муцунски и Лука Кржаловски.

 

 
 
02.12.2016 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега