Калниете и Сјарто со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва оствари одвоени билатерални средби со потпретседателот на најбројната и највлијателна парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент Сандра Калниете и министерот за надворешни работи на Република Унгарија Питер Сјатро.

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба и за престојните избори.

Груевски посочи дека единствен излез од политичката криза се изборите каде граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата, и дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со реална понуда која значи одговор на нивните секојдневни барања.

Груевски укажа дека стратешки интерес остануваат евроатланските интеграции, како и унапредуваннето на животниот стандард на граѓаните. Економијата и отворањето нови работни места остануваат нашиот главен приоритет, истакна Груевски.

Соговорниците и министерот за надворешни работи Сјатро и заменик претседателот на пратенициката група во ЕП Калниете изразија подршка на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори. Тие се согласни за крај на политичката криза и дека резултатите од изборите мора да се почитуваат од страна на сите партиципиенти вклучително и од опозицијата. Тие дадоа подршка на евроатланските интеграции и посакаа побрзо зачленување во НАТО и придвижување на разговорите за интеграција во ЕУ.

 
 
02.12.2016 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега