Груевски: Во Кратово ја намаливме невработеноста, благодарениe на низата мерки и бројните проекти кои ги реализиравме

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката лисата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ во ИЕ4 денеска во Кратово истакна дека откако ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт во Кратово се реализирани многу проекти, а една од најзначајните работи за овој град е што невработеноста е намалена.

-Народот виде колку работи направивме. Се реализираа многу проекти. Во Кратово се вработија 990 лица повеќе отколку во 2006 година. Ако во минатото имаше вработено 1.500 лица во Кратово, сега има 2.490. Ако беа невработени 2.243 сега се 1.332. Тоа не доволно, но оди надолу невработеноста, некој работи за тоа. Некој работел 15 часа, носел мерки, проекти, создавал добра бизнис клима, наоѓал начини да направи држава со најниски даноци, наоѓал начини да ги убеди компаниите  и тука да отворат нови работни места и да им помогне и охрабри домашните инвеститори и тие да се прошират во нивното производство, да им помогне да имаат повеќе извоз, рече Груевски.

 
 
03.12.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега