Пешевски: Поголеми плати и субвенции, намалување на невработеноста – реални ветувања прецизно пресметани

 

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски вчера одржа митинг во Босилово на кој беа претставени и кандидатите за пратеници во Изборната единица 4, Тони Гражданлиев, Павлина Стојанова и Дајанчо Ефремов.

Пешевски се осврна на важноста на овие избори пришто истакна дека овие вонредни избори се резултат на надворешен притисок, и затоа е клучно народот да го даде својот глас и јасно да покаже дека никој од надвор нема да му кажува на народот кој ќе ја води Република Македонија.

Тој истакна дека ветувањето на СДСМ за просечна плата од 30.000 денари, со административна мерка е лажно ветување и мерка со која економијата во Македонија потполно ќе пропадне.

-Минималната плата од 16.000 денари која ја ветува СДСМ е уште едно лажно ветување. Светските истражувања покажуваат дека ако минималната плата е над 50% од просечната, наместо да го крене животниот стандард, ќе предизвика отпуштања и забавување на растот на компаниите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ дава реални ветувања, прецизно пресметани, кои ќе придонесат за намалување на невработеноста. Токму намалувањето на невработеноста е главниот причинител за зголемување на платите, па така ако невработеноста се намали од 38% на 24%, а платите се зголемени од 13.000 денари на 22.000 денари, додаде Пешевски.

Тој објасни дека ќе се отворат нови 70.000 работни места, а со тоа неминовно платите ќе продолжат да се покачуваат.

Пешевски се осврна и на субвенциите кои се даваат на земјоделците, кои од досегашните 140 милиони ќе се искачат на 150 милиони годишно.

-За да го подобриме приносот во земјоделството, наменивме 140 милиони за изградба на нови брани, канали и водоводни системи, со кои ќе се зголемо приносот на земјоделците од 50-100. Ќе продолжиме со принципот, онаа државна земја, која е сеуште нераспределена,  да се распределува на фер и транспарентен начин на вистинските земјоделци, кои на тој начин ќе може достоинствено да заработуваат за својот живот. СДСМ ветува подобар живот за младите, но немаат конкретни проекти. Со нашите програми, изминатите години 169.000 лица кои за прв пат добиле вработување биле лица под 29 години, а тоа се лицата кои сме ги задржале во Македонија. Со проектот за рурални зони очекуваме уште подобри ефекти за задржување на младите во родното место, да придонесат за подобра Македонија, нагласи Пешевски.

 

 
 
04.12.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега