Димовски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи огромни суми во енергетскиот сектор
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и државните компании во областа на енергетиката ќе вложат огромни суми во енергетскиот сектор, во откривање на нови рудни богатства и во зголемување на капацитетот на производство на електрична енергија, истакна денес Илија Димовски, носител на листата во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава дека еден од клучните проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во Малешевскиот дел.
-Се извршија огромни истражувања на потенцијалите за јаглен. Примарните резултати од тие истражувања говорат дека количината на јаглен е огромна, но она што изненадува е квалитетот на истиот кој веројатно ќе биде еден од подобрите, ако не и најдобар во Македонија. Вниманието во овој дел ќе биде насочено кон тој потенцијал. Завршување на сите физибилити студии и можност за отворање на голем рудник за јаглен во овој дел, а со тоа природно следува создавање на услови за изградба на термоцентрална која ќе значи многу вработувања, но и индустриски препород на целиот регион, истакнува Димовски.
Тој вели дека државните компании имаат сериозна намера да работат на овие проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа