Груевски: На 11-ти декември ќе се спротивставиме на сценариото кое се спроведува во Македонија

 

-Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11-ти декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротивставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака. Знаеш и ти многу добро што се случува во државата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски од големиот вечерашен митинг во Струмица.

-Но, со изборите на 11-ти декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоинствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија. Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна. Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика, истакна Груевски.

 
 
04.12.2016 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега