Старт на последната недела од изборната кампања - партиите со митинзи

Стартуваше последната недела од изборната кампања, политичките партии денеска продолжуваат со активности за предвремените параламентарни избори  што ќе се одржат оваа недела, на 11 декември.

Карваните на партиите и коалициите продолжуваат и денеска, Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Струга и во Охрид. 

Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово. 

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на  прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп. 

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово.

 
 
05.12.2016 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега