Српски „Курир“ изброја 70.000 луѓе на митингот на СДСМ на простор во кој собира 20.000

Карваните на партиите секојдневно одржуваат митинзи во градовите низ Македонија, а ова предизборна кампања за изборите на 11 декември ќе биде запаметена по катастрофалниот одѕив на симпатизерите и членовите на СДСМ на митинзите во предизборната кампања. По скопскиот  митинг на СДСМ, што се одржа синоќа пред Владата на РМ, со конечна пресметка не излегоа опозициските медиуми, туку српски Курир.

Медиумите под контрола на СДСМ не објавија податок за тоа колку народ имало вчера. Според пресметките на просторот од 6000-7000 квадратни метри може да собере околу 22.000 луѓе, додека српскиот Курир напиша дека на митингот имало 70.000 поддржувачи на Заев.

Организаторот дал се од себе за да го сокрие срамот, па бината беше поместена неколку метри понапред за разлика од лани во мај, а и празниот простор од бината до првиот ред во публиката беше зголемен за да ги истурка граѓаните колку што е можно поназад и да изгледа пополно. Празнината и малиот одѕив зборуваат за незадоволството од разнебитувачките политики на СДСМ, пишува Република.

За споредба, околу 70.000 граѓани се собраа минатата недела пред Собранието на РМ за да ѝ дадат поддршка на владејачката Коалиција за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
05.12.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега