Муцунски: Младите даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Програмата „Реално“

 

Тимчо Муцунски во текот на денешниот ден оствари средба со младите граѓани во Свети Николе и ги запозна со содржината на Програмата „Реално“.

-Проектите за млади предвидени во Програмата „Реално“ допираат до секој млад човек ширум Македонија. Тие се насочени кон создавање на поквалитетен образовен систем, понатамошни инвестиции во спортската инфраструктура, отварање на повеќе работни места, и пред се градење на силна и проспертитетна држава. ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на младите, а таа поддршка ќе ја оправда со многу работа во нивен интерес, истакна Муцунски.

Младите во Свети Никола покажаа голем интерес за проектите предвидени во „Реално“.
 
 
05.12.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега