Нелоски: За прв пат младите имаат лидер каков што е Груевски и затоа ќе го дадат својот глас за 150 проекти за млади

 

СДСМ ќе дале живот во Македонија, но почитуван Зоран Заев, во Македонија има живот. Во Македонија за прв пат младите имаат лидер каков што е Никола Груевски и затоа младите ќе го дадат својот избор на 11 декември. Јасно е СДСМ има само 55 поретки за младите во наредните години, додека пак ВМРО-ДПМНЕ има над 150 проекти наменети за младите за во следните четири години, изјави Владимир Нелоски кандидат за пратеник во ИЕ 1.

-ВМРО-ДПМНЕ има проекти за студентите, има проекти за нови вработувања на младите луѓе, имаат проекти за средношколците како и многу други проекти. Ние младите да не дозволиме да и наштетат на ова парче земја, да не дозволиме да говориме друг јазик, ние имаме еден јазик, едно знаме и една држава и да не дозволиме да ни ја распрачат државата. Да не дозволиме да пиеме кафе во Дебар маало кое доколку СДСМ дојде на власт ќе го смени своето име со албански назив, да не дозволиме да гледаме фудбал на стадионот кој ќе носи албанско име и да не дозволиме да се радуваме на победите на нашиот плоштад Мајка Тереза кој би се викал „Нене Терез“ доколку СДСМ дојде на власт, потенцираше Нелоски.

 
 
05.12.2016 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега