Договор за донација меѓу ЦУК и Меѓународната организација за мигранти
Меѓународната организација за мигранти (IOM) и Центарот за управување со кризи во пресрет на Меѓународниот ден на мигрантите - 18 декември, денеска ќе се потпишат договор за донација.
Директорот на ЦУК, Агрон Буџаку и раководителот на Канцеларијата на Меѓународната организација за мигранти во Македонија, Соња Божиновска – Петрушевска на потпишувањето ќе говорат за соработката и придонесот на IOM во зајакнувањето на капацитетите на Центарот за управување со кризи во справувањето со кризната состојба со бегалците.
06.12.2016 - 08:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа