Скопје утринава најстуден град - се разбудивме оковани во студ

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.

Ова утро е измерена најниската температура во Скопје. Се разбудивме на -4 степени Целзиусови, а истата судбина ја имаат и кумановчани. Измерени се -3 степени во Тетово, -2 Берово, Штип, Крива Паланка, Пожаране, -1 во  Дебар, Лазарополе, 0 Струмица, Ѓуриште, Крушево, Маврово, 1 Тополчани, Демир Капија, 2 Битола, Виница, 3 Прилеп, Претор.

Утрово највисока утринска температура има во Гевгелија, Дојран и Охрид и тоа 4 степени Целзиусови.

Во текот на ноќта и утрово се задржа умерено облачно, само наместа имаше зголемена облачност. Имаше слаб северен ветер, а на повисоките места и на планините ветерот беше слаб до умерен, што предизвика извесно намалување на маглата.

 

 
 
06.12.2016 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега