Лазаров: Ова е најголемиот предизвик во мојата кариера!

 

Каталонскиот новинар специјализиран за ракомет Луис Карлес Перез му правеше интервју на Кире Лазаров за првите денови на Македонецот како звезда на славната екипа од Барселона.

-Јас сум среќен, бидејќи ќе играм со многу ѕвезди во клубот. Имаме многу ѕвезди, ние сме на повеќе или помалку исто ниво, но сите ние сме важни за тимот. Барса покажа многу пати дека секој играч има своја важност и секогаш ќе биде така. Никола и јас мораме да одиме полека со динамиката. Верувам дека нема да треба многу време да се прилагодиме, бидејќи знам како е да се игра овде, објаснува Лазаров, кој жали на пропаѓањето на неговиот поранешен тим, Атлетико Мадрид. „Штета за шпанскиот и европскиот ракомет, но тоа помина, а ние мора да се грижиме за себе. Атлетико го нема, но животот продолжува и сигурен сум дека со времето ќе се појави друг тим“, вели Лазаров во интервјуто.

-Сите сме професионалци, имаме многу големо искуство и квалитет за да стигнеме каде што планираме, но мораме да одиме чекор по чекор. Имаме добар тим да направиме големи нешта, но без брзање. Работите не се постигнуваат во еден ден. Јас не сум ја освоил Лигата на Шампионите и ќе се обидам да ја освојам со овој клуб, додава ншиот репрезентативец.

Според Лазаров, ова досега е дефинитивно најголемиот предизвик во неговата кариера: - Можам да кажам да, ова е голем предизвик. Особено затоа што имаме добар тим и тоа треба да го искористиме. Можеш да имаш најдобри играчи во било кој спорт, но не можете да мислите дека ќе победувате само со имиња само затоа што вашиот противник нема ѕвезди. Треба напорно да работиме. Сакам да победам пак во Доха. Хамбург, кој ја освои Лигата на Шампионите победувајќи ја Барса финалето, ќе биде наш ривал. Ние треба да им возвратиме, но ќе мора да одиме ден по ден, нема да кажам уште од сега дека ќе победиме. Прво треба да се дојде до финалето и таму веројатно против Хамбург, ќе видиме до каде сме, додаде Лазаров за каталонскиот „Ел Мундо Депортиво“.

ФОТО: Скопјеинфо

13:07

најчитано сега