Утре поларен студ, температурите до -11

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Поварадарието и источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од шест до 10 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури и појава на магла во утринските часови. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и опаѓање на дневната температура.

 
 
07.12.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега