Центрите за социјална работа под невиден притисок од Ременски
Веројатно Фросина Ташевска Ременски е прв министер кој се фали и прави политички маркетинг од интерни наредби кој ги доставува до вработените и директорите на установите како таа од вчера упатена до Центрите за социјална работа. Техничката министерка на тој начин всушност ги прекрива бројните претставки кои стигаат до Антокорупциската комисија и министерството за труд и социјална политика од граѓани и вработени за притисоците кои ги трпат од неа и нејзиниот кабинет.
Секојдневни се жалбите и поплаките од вработени во Центрите за социјални установи и јавните установи под капа на министерството за труд и социјална политика за неподносливи притисоци кои ги прави техничката министерка и нејзиниот кабинет. Истите коментираат дека како наближуваат изборите така Ташевска Ременски станува поагресивна преку исценирани упади со камери по институции и бесмислени наредби. Дојдовме до информации дека изминатиот период стигаат голем број на претставки и поплавки од вработени во Центрите за социјална работа и јавните установи дека работењето им е неподносливо а позади тоа стои техничката министерка и лица од нејзиниот кабинет. Дел од претставките се поднесени и од корисници на некои од правата од социјална заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа