Кундерс: Македонските гласачи да излезат и да гласаат за иднината на својата земја
Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс ги повика македонските гласачи да излезат на гласачките места на 11 декември и да донесат одлука за иднината на својата земја.
- На вас е, како наши пријатели, граѓани и како гласачи од Македонија, да ја побарате слободата и реформите кои се неопходни за приближување на вашата земја кон Европа, кон стабилност и посилна демократија, порачува Кундерс во видео изјава доставена од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
Посочи дека Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија и дека земјата за неколку дена се соочува со историски крстопат.
- Како министер за надворешни работи на Холандија, не можам да застанам на страната на некоја политичка опција. Меѓутоа, моја должност е да ги застапувам европските вредности, рече Кундерс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа