Пешевски на средба со струмичани: ВМРО-ДПМНЕ не шпекулира, ние работиме и градиме

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски оствари средба со граѓаните од Струмица на која го истакна значењето на овие избори кои, како што рече, се најважни во историјата на Република Македонија.

-Овие избори се и поинакви од сите претходни, затоа што се резултат од притисок од надворешен фактор, на кој не му одговара позицијата на силна влада, како што е владата на ВМРО-ДПМНЕ, која е чувар на македонските национални интереси и која по многу параметри е најуспешната влада во историјата, дополни Пешевски.

Економијата во изминатите години е во постојан раст, бруто домашниот производ е речиси дуплиран, расте извозот, а невработеноста е намалена за 14%, од 38% на 24%.

pesevski-strumica1

-Градиме 3 нови делници автопати, работиме на реконструкција и изградба на регионални, магистрални и локални патишта, со што значително се подобрува животот на обичниот граѓанин, а се подигнува конкурентноста на компаниите. Изградивме и обновивме многу градинки, средни и основни училишта, се инвестира во здравството и во развој на спортот. Просечната плата е зголемена за 65%, а просечните пензии пораснаа за над 70% изминатите години, рече Пешевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не се занимава со ширење на шпекулации, инсинуации и лажни обвинувања.

-Ние сакаме да работиме, да ги реализираме илјадниците проекти од програмата “Реално”, со кои ќе придонесеме за развој на Македонија и подобар живот на граѓаните. Народот е паметен, ја препознава нашата посветеност кон работата. Минатиот труд и резултатите, но и нашата програма, со која ќе се градат нови патишта, гасоводен систем, училишта, болници, нови фабрики за над 70.000 нови вработувања се причина народот да го даде својот глас и нова победа на ВМРО-ДПМНЕ, победа за подобра Македонија, заврши Пешевски.

 
 
07.12.2016 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега