Програмата „Реално“ презентирана во Могила-Цветан Трипуновски на средби со жителите

Продолжуваат интензивните комуникации на ВМРО-ДПМНЕ со земјоделците. Денеска Цветан Трипуновски беше на средби во повеќе населени места во регионот на Могила, во Добрушево, Трновци и Ивањевци.

На сите средби и во откупните пунктови и непосредно со граѓаните од споменатите населени места, доминираа информациите за идните активности на ВМРО-ДПМНЕ  во сферата на аграрот, но и руралниот развој. Клучно за сите што живеат во регионот на Могила е подобрувањето на условите за живот, подобрување на инфраструктурата и се разбира, економскиот развој преку создавање подлога за вработување.

cvetan-7

Со земјоделците беше направена анализа за поддршката на аграрот што ја дава Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за плановите за идниот период. Посебно е значајно планираното исполнување на проектот за воведување системи капка по капка со што значајно ќе се зголеми продуктивноста и квалитетот на градинарското производство. Се разбира, стана збор и за финансиската поддршка во делот на субвенциите и набавката на механизација што претпоставува уште позначајна помош, зашто во делот на механизацијата се предвидува набавка со 60% помош од државата.

cvetan-6

Трипуновски зборуваше и за откупот и максималните напори на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на производителите од нелојалната конкуренција, но и од несовесните компании кои се присутни на пазарот во делот на преземање  на градинарското производство.

cvetan-5

-Сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се грижи и како треба да се поттикнува и да му се помага на македонскиот земјоделец со сите оние мерки коишто ги имавме изминатиов период, и во делот на субвенционирањето и во останатите сфери”, потенцираше Трипуновски по завршувањето на средбите  во регионот на Могила, во Добрушево, Трновци и Ивањевци.

cvetan-4

Трипуновски посебно се задржа на активностите што ги презема и што ќе ги презема ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на позицијата на жените во руралните средини. Тој нагласи дека многу позиции од најобемната програма во сите изборни циклуси се посветени на руралната жена, со конкретни решенија и со соодветна советодавна и финансиска поддршка.

cvetan-3

cvetan-2

cvetan-1

 

 
 
07.12.2016 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега