Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија во црвена фаза - пеколното време закана за животот на луѓето
На интернет-страницата на Европскиот систем за предупредување од опасни метеоролошки појави „Метеоаларм“ Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија се означени со црвено, што значи дека времето е пеколно топло и дека високите температури можат да нанесат големи шетети на означената територија, вклучително и опасност по животот на луѓето.
Предупредувањето во најголем степен се однесува на реонот на Загреб, Карловачкиот округ, Госпиќ и Риека.
Од друга страна, во петок во Хрватска се очекува бура и поројно дождови.
ФОТО: Фама
14:53