Изборите во недела ќе ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи

 

Предвремените парламентарни избори во Македонија што ќе се одржат во недела на 11 декември ќе ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.

Најмногу домашни набљудувачи имаат акредитирано Граѓанската асоцијација МОСТ – 3.435 и Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА – Штип – 3.387 набљудувачи, ЦИВИЛ – Центар за слобода – 308, Здружението Национален ромски центар (НРЦ) – Куманово – 143, Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид – 61 набљудувач и Македонскиот центар за култура и развој – 50 набљудувачи, објавено е на веб страната на Државната изборна комисија.

Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, Мисијата на ОБСЕ во Скопје 65, Амбасадата на САД 51 набљудувач, Парламентарното собрание на ОБСЕ 27, Асоцијацијата на европски студентски структури 24, Парламентарното собрание на Советот на Европа 22, Европскиот парламент и Европската унија по 16 набљудувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија – Диплокат 15, Британската амбасада во Скопје 12, Комисијата за изборни жалби и приговори на Косово и Централната изборна комисија на Косово по 10, Амбасадата на Франција и СИЛБА – Поддршка за иницијативата за дијалог и демократија од Данска осум набљудувачи, Амбасадата на Шведска и Државната изборна комисија на Република Кореја  по седум, Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Македонија и амбасадите на Албанија и Италија по шест набљудувачи, Амбасадата на Шпанија петмина, ДИК на Црна Гора и Амбасадата на Косово по четири, Државните изборни комисии на Словенија и Хрватска, Организација за меѓународна соработка Југ Југ, и Бугарската и Унгарската амбасада по тројца, Централната изборна комисија на БиХ, Високиот изборен совет на Турција и амбасадите на Швајцарија, Австрија и на Чешка по двајца набљудувачи и Централната изборна комисија на Литванија и Словенечката амбасада по еден набљудувач.

Најмногу странски новинари кои ќе ги следат парламентарните избори в недела има акредитирано Ал Џезаира Балкан 16, РТВ 21 Приштина акредитираше седум новинари, Државната турска радио телевизија шест, Топ канал Тирана и Ројтерс по петмина новинари, Радио телевизија Србија, Националниот ТВ сервис во Албанија, Визионплус и Здружението за електронски вести Грција по четворица новинари, Асошиетед прес, ТВ РТЛ Загреб и Бугарската национална телевизија имаат акредитирано по тројца новинари, Гласот на Америка, Телевизијата Асошиетед прес, Ruptly-  Видео новинската агенција – Германија, порталот Indexonline.com од Косово и германската државна телевизија АРД по двајца новинари, Австрискиот јавен радио телевизиски сервис, Новинската агенција БЕТА Прес од Србија, Ал Џезаира англиски, Агенцијата Dogan News од Турција и Бугарското национално радио Програма „Хоризонт“ имаат акредитирано по еден новинар.

 
 
09.12.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега