Тодоров: Во недела ќе биде испратена порака - ни Заев ни никој не смее да тргне против сопствениот народ
Народот на Македонија победува на овие избори, тоа веќе е јасно, изјави денеска носителот на ИЕ 2 Никола Тодоров.
-Ги повикувам оние кои што не мислат да излезат да гласаат или оние кои што сеуште се двоумат да бидат дел од народот на Македонија кој извојувал победа во оваа 2 ипол годишна битка. Да испратиме порака до целиот свет дека во Македонија победува народот. Да ја поразиме деструкцијата и кризата, да покажеме и на Заев и на сите идни како Заев дека никој не смее да тргне против сопствениот народ дека македонскиот народ е мудар и добар и дека со мудрост и со добрина може секој да го победи, подвлече Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа