Груевски: Институциите мора да делуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив

 

Во изминатиот период народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски во своето обраќање до граѓаните на Македонија, во пресрет на изборите во недела.

-Имаме уште 2 дена и треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Изминативе денови има многу информации и дезинформации кои кружат помеѓу граѓаните, но посебно и во рамки на изборните кампуси. Треба само мудро и со ладни глави, порача Груевски.

Испрати апел, дека институциите мора да делуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив.

-Ова се однесува меѓу другото и најважно и на институциите со кои раководи СДСМ, а нашите пријатели од меѓународната заедница да ни помогнат партнерски и пријателски, да се справиме со предизвиците. Не заборавајте што беше главната цел на инспираторите и спроведувачите на сценариото за дестабилизација на Македонија. Сакаа од самиот почеток да не закрват и да почнеме да се однесуваме сите деструктивно и да се подели македонското ткиво за да можат полесно да делуваат против нашата држава. Се ближи крајот на сето тоа. Поминаа 2 и пол години, има уште два дена. Не дозволувајте да ви ја одземат државата и вашето право слободно да одлучувате по сопствено убедување. Храбро, гордо и достоинствено сите заедно да се спротивставиме на сето ова што се случува, порача Груевски.

 
 
09.12.2016 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега