Груевски: Не дозволувајте да ви ја одземат државата, не подлегнувајте на провокации- храбро, гордо и достоинствено за Македонија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски во денешниот говор им се заблагодари на сите активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, на поддржувачите, и на сите граѓани што 20 дена посветено, мирно и одговорно учествуваа и беа дел од изборните настани, но и независно не набљудуваа нас и нашите конкуренти и носеа одлука за кого ќе гласаат.
-Тактиката на СДСМ мислејќи којзнае што ќе добијат со тоа, да направи избори во декември аир им донесе само на аптеките, кои ни продаваа чаеви и витамини а на некои и антибиотици, затоа што премрзнувавме заедно со вас. Но докажавме дека ни -8 во Кочани, ни -5 во Виница, ни сув студ во Битола, Паланка или силниот ветер во Велес и други места не можеа да ја запрат громогласната порака која ечеше низ Македонија изминатиов период – Македонија силна и единствена, без двојазичност на цела територија и кантони, а со напредок проекти и конкретна и реална програма, рече Груевски.
Ветивме пресинг на терен и присуство секаде, мислам и дека во тоа успеавме. Изборните штабови тоа буквално го сфатиле и имав набиена агенда, рече Груевски, што на моменти од прилепско „летав“ накај Свети Николе, или од струмичко Муртино до скопско Ѓорче Петров.
-Но поминавме одлично и масовноста на нашите настани како и срдечноста на луѓето кои ги сретнувавме беа доказ дека сме на вистинскиот пат. Народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите. Имаме уште 2 дена и треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Изминативе денови има многу информации и дезинформации кои кружат помеѓу граѓаните, но посебно и во рамки на изборните кампуси. Треба само мудро и со ладни глави, порача Груевски.
Во изминатиот период народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите, рече Груевски.
-Имаме уште 2 дена и треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Изминативе денови има многу информации и дезинформации кои кружат помеѓу граѓаните, но посебно и во рамки на изборните кампуси. Треба само мудро и со ладни глави, порача Груевски.
Испрати апел, дека институциите мора да делуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив.
-Ова се однесува меѓу другото и најважно и на институциите со кои раководи СДСМ, а нашите пријатели од меѓународната заедница да ни помогнат партнерски и пријателски, да се справиме со предизвиците. Не заборавајте што беше главната цел на инспираторите и спроведувачите на сценариото за дестабилизација на Македонија. Сакаа од самиот почеток да не закрват и да почнеме да се однесуваме сите деструктивно и да се подели македонското ткиво за да можат полесно да делуваат против нашата држава. Се ближи крајот на сето тоа. Поминаа 2 и пол години, има уште два дена. Не дозволувајте да ви ја одземат државата и вашето право слободно да одлучувате по сопствено убедување. Храбро, гордо и достоинствено сите заедно да се спротивставиме на сето ова што се случува, порача Груевски.
Се случуваат последни обиди на разни структури да променат нешто, да проблематизираат, но мора сите одговорно и демократски да не дозволиме да успеат, да не се подлегнува на никакви провокации и обиди за закрвување.
-Уште два дена, не дозволувајте сега на крајот, да не закрват, не подлегнувајте на провокации. Тоа се последни обиди на еден систем во распад, на Зоран Заев и на подземни структури зад него, но само внимателно, не не закрвија до сега, нема ни од сега. Никој не е важен повеќе од граѓанинот на оваа држава, никој, ни поединци, ни раководства на партии. И мрачните структури сакаат да го заплашат поединецот, граѓанинот, затоа што го гледаат нивниот пораз и јасно им е какви ќе бидат резултатите и што е волјата на народот, истакна тој.
Само напред, рече Груевски, тоа сакам да го порачам на нашите граѓани, гордо и достоинствено, само напред, мирно и одговорно.
-Сите да излезете и да го дадете вашиот глас. Ако сметате дека треба да ни дадете поддршка нам во ред, ние ќе бидеме благодарни и нема да ве изневериме, го знаете тоа. Ние ја кажавме нашата програма и она за што се залагаме и што може да очекувате од нас, ако пак сметате дека треба да им дадете поддршка на Заев и неговите соработници повторно во ред. Поентата ми е дека тоа треба да е ваша и само ваша одлука. Јас сум убеден дека вие знаете што е подобро за вас, за вашите семејства и за Македонија.
11 декември, додаде Груевски, сите заедно да направиме да биде празник на демократијата и ден на гордост. -А вечерта да слави Македонија! Македонија ќе оди напред после 11 декември, ќе почне нова ера, и вие ќе сте дел од новата ера за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа