Официјални резултати од 23:00 часот: Расте водството на ВМРО-ДПМНЕ

 

Според податоците на Државната изборна комисија до 23:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 263.304 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 237.596 гласови.

ДИК сукцесивно ги објавува податоците испратени електронски од општинските изборни комисии. Околу полноќ се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првичните резултати од денешните предвремени парламентарни избори.

 
 
11.12.2016 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега