Македонија го одбележа Меѓународниот ден на борбата против корупција

 

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, 9-ти декември, ГРЕКО Комитетот при Советот на Европа објави видео на нивната веб страна.

- Борбата против корупцијата не е само прашање на носење нови закони, туку и прашање на етичко и индивидуално однесување, кое многу често влијае на промената на свеста кај луѓето, изјави претседателот на ГРЕКО Комитетот, Марин Мрчела по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата.

Според него, корупцијата ја оштетува економијата, негативно влијае на потенцијалот на креирање нови работни места, и тоа подеднакво, како во државниот така и во приватниот сектор. Корупцијата, како што вели Мрчела, ја поткопува довербата во демократијата на институциите а воедно и претставува закана за човековите права и владеење на правото.

- Корупцијата го прави општеството нефер и нееднакво. Во случај кога практикувањето на корупцијата е прифатиливо однесување или пак останува неказнето, границите помеѓу доброто и лошото, помеѓу етичното и неетичното, станува „матно“. Тогаш, нашата доверба во демократските вредности, во значњето на независноста, ослабнува.  Потребно е да ја подигнеме индивидуалната свест за деструктивните ефекти на корупцијата и да покажеме зошто мора таа да се отфрли, зошто за неа нема место во нашето општество, додава тој.

ГРЕКО Комитетот го објави ова video со цел да даде придонес во подигнување на свеста за штетите кои корупцијата може да ги предизвика и за потребата од одлучна борба против корупцијата.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк:http://www.coe.int/en/web/portal/full-news/-/asset_publisher/VN6cYYbQB4QE/content/international-anti-corruption-day-9-december .

 
 
12.12.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега