Зутер Техада: Наскоро да се формира новата македонска влада
На денот на изборите бев ангажирана како набљудувач и мојата оценка е дека изборите на местата каде што јас престојував минаа мирно и коректно и во демократска атмосфера, истакна амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада.
За време на нејзиниот престој во Битола таа посочи дека очекува наскоро да се формира новата македонска влада.
- Не сакам да го коментирам резултатот од изборите и се надевам дека наскоро ќе се формира влада која ќе продолжи со решавање на проблемите, а кризата што трае неколку години ќе биде надмината, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа