Осигурувањето - најдобро и најевитно решение за заштита на посевите
И покрај државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години, се уште е многу мал процентот на нејзино искористување. Од речиси 105.000 земјоделски стопанства само 1.300 ја искористиле субвенцијата која покрива 60 проценти од трошоците за полиси.
Според податоците од терен, градинарите, лозарите и овоштарите засега се најзаинтересирани за осигурување на родот.
- Ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување се најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка, сметаат експертите.
Сушата и поплавите, велат, се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.
Годинава за оваа намена се обезбедени 35 милиони денари што е двојно повеќе од лани кога на располагање беа 17 милиони. Право на користење на субвенциите имаат фармерите со максимални површини до 10 хектари за лозови и овошни насади, до два хектара за градинарски култури и за тутун, до 20 хектари за житни култури и до 100 пчелни семејства.
ФОТО: фактор.мк