Машки труп пронајден во водите на Вардар кај Ново Село
Вчера во водите на реката Вардар кај Ново Село било забележано мртво тело.
Според информациите од МВР, телото околу 19 часот било забележано од страна на аслучаен минувач, на местото викано „Вртиште“ во село Ново Село во Зелениково.
Полицијата која веднаш пристигнала на местото на настанот од водата извадила машки труп, чие што тело било веднаш предадено на обдукција.
Полицијата истражува во какви околности настанала смртта.
09:52