Амбасадата на САД реагира: Неточни тврдењата дека американскиот амбасадор се меша во работата на ДИК
Од Амбасадата во САД се огласија по Предвремените Парламентарни избори во Македонија, на кои ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник, додека СДСМ 49 во македонското Собрание. Од таму велат дека се неточни тврдењата дека американскиот амбасадор се сретнал или посетил некој од членовите на ДИК.
- Моравме да се огласиме по некои неточни тврдења дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или заговори. Дозволете да се исправат невистините и да се знае дека амбасадорот на САД не се сретна, не посети никој и не интервенираше со било кој од Државната Изборна Комисија, стои во соопштението од Амбасадата.
Во таму додаваат дека САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен и вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони.
Инаку, според првичните резултати од изборите што ги објави ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Алабнците три, а ДПА два.
Инаку, во неделата на 11. Декември, се гласаше во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една - седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство. Право на глас имаа 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа