Јолевски и Михајлоски за Сител: Се гласаше фер и демократски - приговорите неосновани

 

Во тетовскиот реон се гласаше мирно и без никакви проблеми тврди министерот за одбрана Зоран Јолевски кој беше набљудувач на изборниот процес токму во овој дел на земјата.

Изненаден е од приговорите на партиите за изборните резултати бидејќи во текот на изборниот ден тие немале никакви забелешки и ги потпишале записниците за гласањето.

- Гласањето се одвиваше во фер ид емократска атмосфера, немаше апсолутно никакви неправилности. Сите членови на избирачките одбори без забелешки ги потпишуваа записниците, - вели Јолевски за Сител.

Не само домашните набљудувачи, според Јолевски и меѓународните набљудувачи и претставници немале никакви забелешки на изборниот процес.

- Во текот на денот во овој реон беа присутни и меѓународни набљудувачи и претставници кои немаа никакви замерки , - вели Јолевски.

Александар Михајловски кој е овластен претставник во Државната изборна комисија вели дека сите приговори пристигнати од СДСМ и БЕСА се неаргументирани и имаат единствена цел да ја продолжат политичката криза.

- Нема никакви аргументи ниту докази во поткрепа на тврдењето на овие политички субјкти. Во сите места за кои има приговори записниците биле потпишани без забелешки.

Михајловски очекува членовите на ДИК да ги отфрлат приговорите како неодновани.

- Се надевам дека членовите на ДИК ќе бидат професионални и нема да дозволат злоупотреби. Изборниот процес не беше нарушен на било каков начин, - вели Михајлоски.

И оценката на меѓународните набљудувачи беше дека избониот процес поминал мирно во фер и демократска атмосфера.

 
 
14.12.2016 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега