За што упадна полицијата во домот на кумановскиот полициски началник на СДСМ?

 

Давање на пари за купување на гласови на граѓаните од ромска етничка заедница во кумановското Ромско маало било повод за предистражна постапка која ја покренало Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ. За таа цел синоќа би извршен и претрес во неговиот дом а по кој тој не бил приведен.

Наредбата за претресот е издадена од страна на судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје

-Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – злосторничко здружување  и злоупотреба на службената положба и овластување од кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, се наведува во соопштението од ЈОРМ, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В., Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето.

 

Од друга страна МВР, на чие чело се уште се наоѓа Оливер Спасовски од СДСМ, издаде соопштение во кое наведува дека „не било информирано и вклучено во планирањето на вчерашната акција во која е извршен престрес во домот на началникот на СВР Куманово С.В.“ 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
14.12.2016 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега