Неизвесно до крајот: Mожно сценарио на СДСМ да се уважат приговорите против волјата на граѓаните
Можното сценарио на поразениот СДСМ е на крајот да се уважи еден од приговорите, со кој практично ќе биде поништена волјата на граѓаните.
Досега во ДИК се одлучува според закон и единствено СДСМ ги поддржува неоправданите приговори на БЕСА. Тоа не ја исклучува можноста на крајот да излезе на површина изборниот инжинеринг со кој ќе се уважи макар и еден приговор, со кој ќе се поништи волјата на граѓаните и ќе се овозможи прегласување и покрај немањето на аргументи.
Засега Комисијата отфрли две пријави на Беса како неоснована. Во моментов Комисијата е на пауза и се чека да се смират страстите седницата да продолжи. Откако ќе бидат разгледани пријавите на Беса, треба да се разгледуваат и оние на СДСМ.Досега се одбиени две пријави на БЕСА.
Засега е нејасно кога седницата ќе продолжи. Рокот до кога Комисијата треба да донесе одлука истекува денеска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа