Чавков: Нема правни аргументи за приговорите до ДИК- на тие избирачки места немаше интервенција
За мене е очигледно, како што е очигледно и за граѓаните на Македонија дека нема апсолутно никакви правни аргументи за овие приговорите кои се доставени до Државната изборна комисија. И од избирачките места на кои се однесуваат приговорите, не треба темелна или длабока анализа, да се констарира дека тоа е интенција да се направи реинженеринг на изборниот процес, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој беше гостин во Вестите на Сител ТВ.
-Не случајно кажувам реинженеринг, бидејќи има сериозни индикации дека имаше сериозен инженеринг на денот на изборите, тоа го потврдува и случаите во Кочани каде што припадници од СДСМ работеа на поткуп на гласачи и тоа го потврдуваат и случаите во Струмица каде што исто така имаше кривична пријава, тоа го потврдуваат и случаите во Куманово. Така што, на инженерингот на самиот ден на избори, сега следи реинженеринг преку неаргументирани приговори, рече Чавков.
Директорот на БЈБ додаде и дека на избирачките места за каде се поднесени приговорите немало ниту интѕервенција, ниту пак барање за интервенција.
-Апсолутна стабилна јавна безбедност имавме. На овие избирачки места каде што се поднесени приговорите апсолутно немаше интервенција, ниту барање за интервенција на полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа