Управен суд веќе одлучувал по идентична ситуација: Ако судот се води согласно сопствената пракса треба да ја укине одлуката на ДИК за прегласување
Одлуката за уважување на приговорот на Беса за прегласување на избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде што спорен беше гласот на Фатиме Сулејмани од Косово, согласно праксата на Управниот суд би требало веднаш да биде укината
Како основа за ова е и претходно утврдената пракса на судот, во пресуда донесена на 23 април 2013-та година. Тогаш судот за идентична ситуација, при изгласан приговор од страна на Државната изборна комисија ја укинал одлуката за прегласување.
16.12.2016 - 19:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа