Клековски: Очекувам Управниот суд да ја поништи одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар

Управниот суд во Македонија ќе го отфрли решението на Државната изборна комисија (ДИК) за поништување на гласањето во Гостивар, со што ќе може да се пристапи кон формирање на Владата, вели во изјава за српска „Политика“, политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

Клековски смета дека одлуката на Управниот суд не би требало да биде изненадување, бидејќи Судот и претходно имал такви предмети.

-Отфрлани се тужби да поради еден глас биде поништено гласање на избирачко место каде има 800 и повеќе гласачи, бидејќи тој еден глас не можел да влијае на резултатите од изборите. Моето очекување е дека Судот ќе го отфрли решението на ДИК за поништување на гласањето, со што би се отворила следната фаза, формирање на влада, вели Клековски за „Политика“

 
 
19.12.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега