Никовски: Победата мора да се почитува, владејачката партија мора да го добие мандатот за формирање влада

 

Македонската дијаспора од Западна Австралија порачува странските претставници во Македонија да престанат да се мешаат во внатрешните работи на државата.

-Македонците  од дијаспората  уште  еднаш недвосмислено ја искажаа подршката за ВМРО-ДПМНЕ и воедно бараат ДИК да престане да си игра со чувствата на македонските гласачи и како што на самиот  почеток  ги призна изборите  уште  еднаш  да собере сила  и без притисок  на  странските  амбасади  и своите  наредбодавци  од СДС да  излезат и да го  признаат победоносниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ со што  ќе овозможат  Република  Македонија да го задржи  пиететот на демократска земја со функционални институции, земја која гордо  ќе чекори кон својата светла иднина, се вели во соопштението од Обединети македонски организации на Западна Австралија.

-Од осамостојувањето па до денешни дни во овие 25 години, СДС на сите парламантарни, претседателски или општински избори се појавува со анти  – македонска  политика кон својот  народ, и ниту еднаш досега  не  го освоиле гласот на народот преку почитување на волјата  на  македонските граѓани. Во 1994 и 1995 година на парламентарните и претседателските  избори  тогашните  политички структури доделија преку  140.000  државјанства  на  жители  од  Косово  кои од  ЕУ  беа  протерани,  а Македонија беше транзитна  земја. Дали политичкото лицемерство во надградна форма е нова политичка иднина, дали неговата најава за двојазичност на цела територија на Република Македонија е континуитет на она што неговиот претходник  и иделог го направи на територијалната поделба кога на изборите во 2002 година им  беше ветено дека во сите општини во кој мнозинството граѓани беше македонско ги направи да имаат градоначалници од малцинските етнички заедници односно Албанци. Со донесувањето на незаконската одлука на  ДИК, а со цел изигрување на  изборната волја на граѓаните на Република Македонија работењето на ДИК е претворено во пародија, ги повикуваме странските претставници во Република Македонија, да престанат да се мешаат во  внатрешните работи на Република Македонија, ги повикуваме членовите на ДИК совесно, да го признаат победничкиот резултат на ВМРО ДПМНЕ а со тоа да им овозможат мирен сон на македонските граѓани, велат од македонската дијаспора.

Оттаму додаваат дека нема место на политичка сцена за лидер на македонска политичка партија кој јавно поддржува друга држава и пропагира разнебитување и поделба на Македонија.

-Дали е ова уште едно од многуте лицемерства на СДС кои во последно време навикнавме да ги слушаме, лидерот на СДС најбрутално се впушти во политичка авантура на распродавање на македонските вредности и национални интереси, безвреден му е обидот да ги закрви и ги донесе во војна  македонските  граѓани,  “месијата”  залудно се  обидува да ја злоупотреби  политиката  и македонските интересите  на  „месијата“ на  најподол начин ја  злоупотреби политиката и  македонските интереси за  свој личен интерес, стои во соопштението од Обединети македонски организации на Западна Австралија.

Политичкиот аналитичар Ристо Никовски, вели дека веќе подолго време странците во Македонија се однесуваат без мерка и ја изгубија секоја ориентација и не третираат како „село без кучиња“.

-Мислам дека тие што постојано зборуваат за владеење на некое право не ја почитуваат пресудата од Хаг. Цело време изигруваат дека се наши пријатели и поддржувачи, а истовремено не блокираат и уценуваат и ни поставуваат ултиматуми, од Букурешт во 2008 година. Мислам дека ги премина границите, „ножот дојде до коската“ и крајно време беше да се реагира и да се каже дека ние навистина имаме своја држава, избирачко тело, свои политики. Во сето тоа мора да се води сметка и за македонските интереси. Мислам дека тоа до сега не беше случај и оваа реакција на владејачката партија сметам дека е на време и на место и дека треба да се опстои на таа линија, бидејќи кога на некому ќе му допуштите да прави што сака лесно се губи чувството за одговорност и мека и токму затоа ние дојдовме до ова дереџе, вели Никовски.

Пораките по изборите  кои стигнаа од Вашингтон и Брисел, додава Никовски, горе доле беа коректни. Ако некој во државата мисли и верува дека сака да ја внесе Македонија во НАТО, а Грција не дозволува, тој или таа не ги знаат  работите. Тоа не е возможно и ако навистина Брисел односно Вашингтон сака  искрено Македонија да влезе во НАТО, под референцата секако, тоа може да се случи за 3-6 месеци.

-Овие избори доведоа до една пата-пата ситуација, без разлика што победи владејачката партија. Мислам пата-пата поради изедначеноста на силите и тие не се резултат на спонтано и автохтоно гласање на Албанците. Би било добро да тие од еднаш се свртат граѓанско општество и да гласаат за неетнички партии, меѓутоа во оваа ситуација е апсолутно нереално и невозможно што потврдува дека нешто се прави зад врата, под маса и дека тоа оди во насока на реализација на тие претходно споменати западни цели за да се преименува државата, да се разнебити народот и да се создаде една нова ситуација, нова држава за што јас сум длабоко убеден дека може да воведе кон нови судири и војни кои ќе бидат погубни за сите. Мислам дека  во целина Македонија мора да се избори за своето право, суверенитет и право да одлучува на изборите кој ќе ја добие власта, бидејќи секоја победа е победа, иако овој пат беше победа. Таа мора да се почитува и владејачката партија мора да го добие мандатот за формирање на Влада. Мислам дека ќе имаме потешкотии во процесот, но демократијата не е лесна, но мора да биде објективна, да не биде под странски притисок и цени и инженеринг и тоа нависитна да ја одразува волјата на мнозинството граѓани во Македонија, вели Никовски.

 
 
19.12.2016 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега