Пандов: Независните членови на ДИК се под закрила на американскиот амбасадор

Независните членови на ДИК се под закрила на американскиот амбасадор, па иако од нив се очекуваше да настапат независно, сепак, тие агресивно се бореа за целта да создадат спорна изборна единица, изјави аналитичарот Александар Пандов во интервју на ТВ НОВА.

„Секој Македонец, после актуелната политичка криза што трае веќе две и пол години, со срце очекуваше да завршат изборите и да се разговара за составот на идната влада, кои ќе бидат коалициите, а не уште да се зборува за изборните резултати. Ние сме мала држава, ги следиме нештата и знаеме дали изборите биле коректни. Ако ги тргнеме на страна партиските членови кои нормално е да ги бранат партиските интереси, оние независните очекував да настапат поинаку. Тие независни се под закрила на американскиот амбасадор кој во тоа време учествуваше во преговорите. Видовме дека дури поагресивно се бореа околу тоа да направат спорна изборна единица. Не смее за еден глас да се поништува цело избирачко место, во случај кога сите тврадат дека немало нерегуларности“, смета Пандов.

Аналитичарот додаде дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партијата увидоа дека сакаат да им ја украдат изборната победа, па даода до знаење дека повеќе нема да ја играат нивната игра.

„Она што се случуваше на 11-ти декември беше врвот на еден демократски чин. Сега Заев со самото непризнавање на изборите уринира врз демократијата“, додаде Пандов.

 
 
19.12.2016 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега