СЈО база за згрижување роднини и партиски кадри на СДСМ
Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева не престанува да биде база за згрижување на роднини и партиски кадри на СДСМ. Според последните информации, непотизмот во СЈО продолжува со нови роднински вработувања.
Ефимија Чучурска е нововработена во СЈО. Таа е прва братучетка на Гаврил Бубевски, а во роднинска врска е и со Љупчо Чучурски, кој работи како помошен технички персонал во СЈО. Покрај Чучурска, нововработена во СЈО е и Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
Курир побара одговор од СЈО за ваквите информации, од каде добивме потврда дека посочените лица се вработени таму.
-Ве известуваме дека лицата за кои прашувате се вработени во ова Јавно обвинителство врз основа на јавен оглас. Огласот беше објавен во јавните гласила и изборот беше направен согласно законските прописи. Појаснуваме дека овие лица беа вработени откако од страна на ДКСК добивме позитивно мислење дека не постојат пречки овие лица да бидат вработени, имајќи предвид дека постапката за вработување по јавниот оглас беше завршена пред почетокот на изборите. Воедно Ве известуваме дека за работните позиции на кои се примени лицата за кои покажувате интерес, немаше пријавено други лица со уредна документација, велат од СЈО.
Роднинските вработувања веќе станаа пракса во СЈО. Медиумите неодамна објавија дека во СЈО е вработен Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
Вработена во СЈО е и Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска е обвинител во СЈО. Вработен во СЈО е и Владимир Миладиновски, кој е во роднинска врска со Елизабета Јосифовска.
Обвинителот Гаврил Бубевски, во СЈО си го вработил својот прв братучед од Берово, Љупчо Чучурски. Исто така, во СЈО вработен е и Борче Трајковски (Боки Бургија) – колумнист на соросови медиуми, близок до СДСМ и остар критичар на власта.
Во СЈО е вработена и Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, поранешен функционер на СДСМ. Плата од СЈО зема и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ, како и Ѓорѓи Камчев, кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.
Според експертите, обвинителството на Јанева станува база за вработување на партиски кадри и членови од семејствата на нејзините обвинители.
Јанева: Има роднински врски во нашето обвинителство
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета дека вработувањето на нејзиниот внук Ѓорѓи Делиџаков во институцијата со која што таа раководи не е непотизам. Јанева запрашана во интервју на телевизија Телма дали го вработила својот внук во Специјалното јавно обвинителство потврди дека тој е вработен и дека работи како економски референт.
Специјалната обвинителка вели не се работи за непотизам бидејќи во Специјалното обвинителство имале поставено веќе такви роднински вработувања и според Јанева тоа не преставува проблем.
-Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.
На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:
-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа