Самарас со Бан Ки-Мун за името на Македонија

 

Г

рчкиот премиер Андонис Самарас, денеска во Њујорк ќе оствари средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого ќе разговара за Кипар и името на Македонија, две прашања во кои Светската организација има улога на медијатор.

„Катимерини“, денеска пишува дека медијаторот Метју Нимиц пред неколку месеци го предложил името „Северна Република Македонија“, нешто што официјална Атина не го прифаќа затоа што географската одредница се однесува на државното уредување, а не на името на земјата.

Според провладиниот весник, Нимиц сега се подготвува за нова рунда контакти со двете страни.

Самарас со Бан Ки-мун ќе разговара и за состојбата во поширокиот регион на Балканот и во источниот Медитеран. 

најчитано сега