Утрово најстудено во Берово - ова се температурите низ Македонија
Најстудено утрово беше во Берово каде се измерени -11 степени, -8 се регистрирани во Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Крива Паланка, -7 во Тетово, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Виница, Дебар и Ѓуриште, -5 во Куманово, Прилеп и Маврово, -3 во Претор, Пожаране и Лазарополе, -2 во Охрид и Крушево, 0 во Тополчани, 1 во Гевгелија, 2 во Дојран и 8 во Штип.
Во моментов времето е ведро, студено и претежно тивко. Само во Гевгелија дува умерен северен ветер.
Во текот на денот ќе биде сончево со слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, сончево и тивко со максимална температура до 9 степени.
Утре и во почетокот на следната недела под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво време. Температурата ќе биде во благ пораст. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на дневната температура и услови за слаби локални врнежи од снег и дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа