ГОТОВО Е: Пропадна изборниот инженеринг на СДСМ во Теарце
Пропадна обидот за изборен инженеринг на СДСМ, откако граѓаните уште еднаш по гласањето на 11 декевмри ја потврдија победата на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата за подобра Македонија.
Иако броењето сe уште е во тек, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ според информациите до кои дојде Прес24, од извори во локалниот избирачки одбор освоила над 100 гласови, што со оглед на излезноста е повеќе од доволно за задржување на мандатот во 6-тата изборна единица. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламентарен состав ќе има 51 пратеник, а СДСМ 49.
Со денешното гласање паднаа во вода сите обиди за потпукупување на гласачи и вршење на разни притисоци за кои деновиве пишуваа медиумите.
Она што останува нејасно е дали и кога лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе ја поднесе оставката која им ја вети на граѓаните доколку ги загуби изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа