Опожарената куќа на Трајкови ќе биде обновена

Семејството Трајкови од радовишкото село Дедино чија куќа до темел изгоре во пожар ќе биде целосно обновена по новогодишните празници.

Новиот дом на семејството Трајкови ќе го гради градежната компанија Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

- По божикните празници ќе почнеме со изградба на нова скромна куќа на местото на опожарената со што на семејството Трајкови за брзо време ќе им обезбедиме повторно пристојни и услови за нормален семеен живот, изјави Чифлигаец, кој денеска го посети брачниот пар Ивана и Јован Трајкови.

Покрај оваа хуманитарна активност, Фондацијата проф.д-р Вачно Чифлиганец на основното училиште „Никола Карев“ во Радовиш и подрачното одделение во Раклиш им додели паметна табла, смарт телевизор, таблет компјутери и новогодишни пакетчиња за учениците.

 
 
26.12.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега