Последен работен ден за Спасовски и Ременски - Владата се чисти од пржинските чиновници
Денешниот ден е последен работен во министерствата за министрите на СДСМ кои таму дојдоа по Договорот од Пржино. Оливер Спасовски и Фросина Ременски можат да почнат да си ги пакуваат личните работи од канцелариите во МВР и Министерството за труд, бидејќи нивниот мандат завршува на денот кога ДИК до Собранието и официјално ќе го достави Извештајот за резултатите од изборите. Заедно со нив во пакет си заминуваат и замениците во финансии, Кире Наумов, во земјоделие Љупчо Николовски и во информатичко општество Александар Кирацовски.
До изборот на нова влада нов министер во МВР ќе биде 39 годишниот Агим Нухиу од Тетово
,
а функцијата во Министерството за труд и социјална политика ќе ја врши Ибрахим Ибрахими.
Заедно со Оливер Спасовски заминуваат и сите началниците на Секторите за внатрешни работи, меѓу кои и кумановскиот, во чиј дом по налог на Јавното обвинителство се вршеше претрес под сомнение за учество во изборни нерегуларности. Покрај овие началници си заминуваат и сите функционери во полицијата поставени од Спасовски кои имаат решенија кои важат до завршувањето на изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа