Даштевски: Заев би требало да поднесе оставка
По поразот на предвремените парламентарни избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев би требало да го исполни ветеното и да поднесе оставка, смета аналитичарот Александар Даштевски.
-Видовме дека лидерот на ДПА Мендух Тачи си поднесе оставка поради слабите резултати. Она што ќе се каже, а нема да се исполни во понатамошниот период тежи, ако Заев не си даде оставка тоа ќе му биде голем минус во кариерата и ќе испровоцира внатре-партиски судири, изјави Даштевски за ТВ Нова.
Тој додаде дека оставката што евентуално би ја поднел Заев, не мора да значи крај на неговата политичка кариера.
-Сметам дека лидерот на СДСМ е млад човек, па ако моментално се повлече бидејќи даде збор, има шанси понатаму повторно да се врати во политиката, додаде Даштевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа