Поларен бран доаѓа кон Македонија - подгответе се

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а наместа и силен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, во источните делови и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од минус еден до шест степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа и силен северен ветер.

Температура ќе се движи од еден до четири степени.

За новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време. Потоа во првите денови од Новата година следува период на стабилно, суво и студено време.

 
 
29.12.2016 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега