„Коха диторе“: Падна договор меѓу Белград и Приштина за телекомуникациите
Денеска весникот „Коха диторе“ објави дека конечно Приштина и Белград постигнале договор за телекомуникациите.
Според весникот со овој договор е предвидено Косово да добие меѓународен код за повикување 383, додека „Телеком Србија“ ќе биде задолжен за телефонските услуги во местата каде што живеат Срби. Исто така весникот наведува и дека телефонските разговори од Косово во Србија ќе се сметаат како внатрешни, а не меѓународни разговори.
14:35