Времето со нови изненадувања: Еве што не очекува денес!

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко и студено. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево, односно ведро и студено. Утринската температура ќе се спушти до минус 11, а дневната ќе се искачи до три степени.

Во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а преку денот ќе има зголемување на облачноста особено во западните и северозападните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Локални врнежи од дожд и снег се очекуваат и в среда и четврток, кога и утринските температури ќе бидат во пораст. Потоа до наредниот викенд се очекува стабилно и суво време. 

 
 
01.01.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега